Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Од:

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат за градоначалник и носител на листа на Скопје од редовите на ЛДП.

Оваа одлука според извори на А1он, била донесена на вчерашната седницата на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во првите редови на трката за Скопје да се приклучат овие партиски кадри.

Ристо Пенов е познат на јавноста како искусен политичар, кој беше градоначалник на Скопје во два мандата, од 1996 до 2005 година, период во кој иницираше и реализираше повеќе значајни инфраструктурни и урбани проекти во главниот град. Познат е по својот умерен и принципиелен стил на политичко делување.

Никола Пановски, еден од водечките експерти во областа на јавното здравство, стана пошироко препознатлив по своите стручни ставови и анализи за време на пандемијата со КОВИД-19, каде јавно укажуваше на проблемите во здравствениот систем. Во последниве години е активен и во политичкиот живот како член на Советот на Град Скопје, каде настапува критички и со барања за отчетност и одговорност во управувањето со градот.

Освен Пенов, Либерално-демократската партија (ЛДП) низ годините имаше повеќе истакнати кадри кои остварија значајни успеси на локалните избори, особено во Скопје и дел од општините низ државата, како што беа Жерновски во Центар и Костадинов во Виница. Првиот мандат како градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски го доби како кандидат на Либерално-демократската партија

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ