Пенков вети асфалтирање на сите улици во Неготино

Од:

Асфалтирање на сите улици во Неготино и населените места заради побезбеден и регулиран сообраќај, како во градот, така и во сите населени места, вети денеска кандидатот за градоначалник на Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков.

– Во селото Тремник приоритет е асфалтирање на главната улица, додека во селото Војшанци асфалтирање на пристапната улица кон населеното место, посочи Пенков на прес-конференција.

Тој нагласи дека еден од значајните приоритети ќе биде и поставувањето фекална канализација за селата Црвени Брегови и Дуброво.

– Следен приоритет е уредување на централното подрачје во селата Криволак, Тремник и Курија со асфалтирање и поставување на урбана опрема и паркови во овие населени места, рече Пенков, додавајќи дека во целост ќе ја реализира изборната програма.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски