Пендиков давал исказ за вториот напаѓач во обвинителството во постапка која е се уште во фаза на истрага

Од:

Христијан Пендиков утринава дал исказ во обвинителството во Охрид во рамки на постапката за второосомничениот која се уште во фаза на истрага, потврдија за „А1он“ од обвинителството.

За првообвинетиот, за кој веќе има обвинение и предметот е во судска постапка, се очекува Пендиков на утрешното судење да го даде својот исказ и пред судот.

Ова е прв пат по инцидентот, Пендиков да го даде својот исказ за настанот пред обвинителите, бидејќи претходно изјава има дадено само пред полицијата веднаш по инцидентот, по што беше префрлен во Бугарија на лекување и немаше можност својот исказ да го даде и пред обвинителот.

Тој ќе присуствува и на утрешното судење против напаѓачите кои на 19 јануари го претепаа затоа што се чувствувал како Бугарин.

За време на последното охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид.

„На прикажаната снимка се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака во висина на лицето. Истото лице му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот“, образложи тогаш обвинителката.

Адвокатот на обвинетиот Спасески побара судот да не го прифати објаснувањето на обвинителството дека неговиот клиент е напаѓачот затоа што не може да се утврди идентитетот и на другите двајца на видео-снимката.

Судијата Бојан Мартиноски рече дека мора да се испита оштетениот за да се расчистат сите дилеми во однос на различните искази.

Ќе го испитаме Пендиков, верувам дека ќе дојде и ќе ги расчистиме сите дилеми во однос на неговиот исказ. Во негов интерес е да се појави затоа што е клучен сведок – рече судијата.

Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, претходно рече дека не се чувствува за виновен во случајот Пендиков во кој е обвинет дека заедно со уште едно лице го претепале охриѓанецот.

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид кој го води судијата Бојан Мартиноски.

На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди.

Би можело да ве интересира

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се чувствувал како Бугарин

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

Орце Костов