Пендаровски: Жените и девојките самостојно да носат одлуки за своето тело, наша обврска е да овозможиме услови

Од:

Унапредувањето на човековите права, вклучително и правата на жените, е предуслов за развој на секое општество втемелено врз демократски принципи. Мојата земја е поддржувач на прогресивните политики за родова правда и затоа заложбите и обврските во однос на „Телесната автономија, сексуалното и репродуктивно здравје и права“ беа едногласно прифатени. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски, кој преку видео-порака се обрати на Форумот за генерациска еднаквост, посветен на унапредување на родовата еднаквост, што се одржува во Париз.

Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, се обрати на панелот на тема „Телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје и права“, при што ги претстави националните заложби на Северна Македонија на овој план. Според Пендаровски, Форумот за генерациска еднаквост е важен глобален собир за унапредување на родовата еднаквост меѓу мажите и жените и клучен момент за преземање обврски од државите во таа насока.

– Северна Македонија се обврзува до 2026 година да го зголеми сеопфатното сексуално образование, согласно меѓународните стандарди на Обединетите Нации и во таа насока се подготвени тригодишен Акциски план со пилот-проекти и наставна програма за ученици од 13 до 15 годишна возраст. Наша заложба е да го зголемиме опфатот на контрацепцијата од 14 на 20 отсто, преку подобрување на пристапот на девојките и жените до советодавните услуги за планирање на семејството, и пристапот до абортус како основно право на жените, нагласи Пендаровски.

Шефот на државата нагласи дека се обврзуваме до 2026 година да го редуцираме бројот на детски бракови на тој начин што ќе ги оспособуваме девојчињата, адолесцентите и жените да носат автономни одлуки за своите тела и во таа насока ќе ги усвоиме неопходните законски измени и конкретни политики и ја посочи зголемената поддршка на автономните феминистички и женски организации.

– Паралелно со институционалните решенија, не помалку важна е промената на менталитетот кај граѓаните, на колективната свест за родовата правда, преку елиминирање на табуата што се врзуваат за овие сензитивни прашања. Наша обврска е да покажеме политичка волја и преку континуирани, заеднички активности да овозможиме услови за еманципирање на жените и девојките на глобално ниво, рече Пендаровски.

Според претседателот Пендаровски, за овие прашања не смее да се прават компромиси и да се дозволи каков било вид на дискриминација, а жените и девојките мора да бидат во позиција самостојно да носат одлуки за своето тело, базирани на знаења и информации.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски