Пендаровски за Салвини: Тој за мене не е фашист туку демократски избран политичар

Од:

„За мене Салвини не е фашист, туку демократски избран министер во демократска Република Италија која е наш голем пријател во нашите евроатлански аспирации“, рече претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој негираше дека професорката Ана Чупеска е негова советничка или ангажирана во кабинетот, а одговорот следи по новинарско прашање дали кабинетот на претседателот ќе испрати извинување до Италија, откако Чупеска на „Фејсбук“ напиша дека случајот „Рекет“ е специјална војна која ја водат клептофашистите Берлускони и Салвини, а нејзниот став го пренесе Антонијо Милошоски.

„Ана Чупеска нема никаква релација со овој кабинет во врска со советување или било какво помагање, ниту е инволвирана во некој проект. Знаеме кој е изворот на таа вест и тој апсолутно знае дека Чупеска нема никаква врска со кабинетот, но тој има таква агенда да шири лажни вести” рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција