Пендаровски во Радовиш: Да продолжиме заедно, да го заокружиме бројот 3 за европска иднина за сите нас

Од:

– Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот, рече Пендаровски денеска во Радовиш.

Доста се бавевме со историјата, немаме време за чекање, затоа знаете дека на 21 април и на 5 мај треба сте заедно да го заокружиме бројот 3. Претходната власт и фамилијата, не уназади и опљачка. 2016 година не почнавме од нула, туку од минус, додаде Пендаровски.

Пендаровски подвлече дека тој и концепотот што тој го застапува пред себе имаат една единствена цел, а тоа е како да се живее подобро, како да се направи младите да не заминуваат надвор од државата. Последната година и пол направени се тешки компромиси, но, посочи Пендаровски, беа нужни, за нашата држава да тргне кон Европа и развиениот свет.

– За НАТО е веќе речиси завршена работата и нема веќе дилеми дали ќе ја биде нашата земја. Имаме гаранција за безбедноста, суверенитетот и интегритетот. Со почетокот на преговорите со ЕУ се отвораат бројни можности за младите да продолжат да работат и живеат тука, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски