Пендаровски во опожарените места во прилепско: Огромна благодарност до сите вас

Од:

Претседателот Стево Пендаровски ја посети касарната „Мирче Ацев” во Прилеп и опожарените места во околината на селото Топлица.

Припадниците на Армијата распоредени во касарната, го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности коишто ги преземаат при гасење на пожарите во прилепскиот регион. Како што посочија, во прилепската касарна се одвива координација со припадниците на Армијата од неколку околни општини, нагласувајќи ја одличната соработка на Армијата со другите институции.

„Огромна благодарност уште еднаш до Вас и до Вашите семејства. Никој нема да Ви го заборави овој извонреден напор што го правите. Се надевам дека пожарите нема уште долго да траат и ќе можете полека да се враќате на редовната воена служба и на Вашите семејства“, им порача претседателот Пендаровски на припадниците на Армијата.

При обиколката на опожарените места во околината на село Топлица, претседателот Пендаровски беше информиран за ангажираните армиски капацитети, како и за обврските на Армијата при локализирањето на пожарите во оваа област.

Во разговор со припадниците на Армијата претседателот Пендаровски ја нагласи нивната професионалност и посветеност. Во оваа насока, како што истакна претседателот Пендаровски, соодветно ќе биде вреднуван несебичниот ангажман на сите припадници на Армијата во изминатите денови.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски