Пендаровски на терен во најкритичниот регион

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва ги посети припадниците на Армијата во Оперативниот центар на Првата пешадиска бригада во село Тработивиште, делчевско, кое беше едно од најкритично зафатените подрачја во државата.

Припадниците на армијата го информираа претседателот Пендаровски за активностите во изминатите неколку дена и нивните обврски како поддршка во гасењето на пожарите во оваа област.

„Ова што го чув последно од последниот брифинг од Армијата е дека ситуацијата е под контрола, што е добро. Јас се надевам дека и временските прилики, со помалку ветер, во наредниве денови ќе ни одат во прилог. Инаку, не можевме самостојно, не можевме тоа да го исконтролираме, Армијата беше практично ударната тупаница на здружените напори на различните институции во Република Северна Македонија, меѓутоа морам да кажам и да се заблагодарам и на државите кои ни помогнаа во тие заеднички напори“, истакна претседателот Пендаровски.

Пендаровски рече дека во овој регион во изминатите 4-5 дена има најмногу пожари и затоа и најголем дел од армиските единици се концентрирани тука.

„Ние имаме околу 250 војници на Армијата на Република Северна Македонија, тие ќе останат тука додека има потреба, ако има потреба ќе донесеме и повеќе луѓе. Мислам дека во овој момент, во таа човечка смисла, сме добро екипирани, имаме поддршка и од други институции, се разбира, не е само Армијата, и со заеднички напори мислам дека ја држиме ситуацијата под контрола се додека тоа е неопходно“, додаде Пендаровски.

Пендаровски ја нагласи важноста од укажаната помош и поддршка од Република Бугарија, од Република Словенија, Република Австрија, Република Србија. Заблагодарувајќи се и за поддршката од Европската Унија, односно, од агенцијата за цивилна заштита и за хуманитарна помош, претседателот Пендаровски истакна дека земјава, утрово, доби пристап до заедничкиот сателитски систем на ЕУ, што значително ќе придонесе за рано предупредување од пожари во земјава.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он