Пендаровски во Њујорк се сретна со Бејли

Од:

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.

Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.

– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна Македонија и за случувањата во поширокиот регион.

Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД и ја дават на Република СЕверна Македонија, наведува Пендаровски во објавата на ФБ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Утврдивме дури 63 планови за климатска акција

Ана Ололовска

Пендаровски – Линде: Случајот на Македонија е тест за кредибилноста на процесот на проширување на ЕУ

Пендаровски – Норлен: Очекуваме засилување на политичката поддршка од Шведска за евроинтеграцијата

Пендаровски – Лофвен: Поддршка од Шведска за старт на преговорите со ЕУ

Средба на Пендаровски со македонските друштва во Малме

Пендаровски-Лаудер: Холокаустот не смее да се заборави и да се негира

Ана Ололовска