Пендаровски во Израел се сретна со колегите од Финска, Кипар и Грузија

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот, имаше средби со неколку шефови на држави учесници на форумот.

На средбата со претседателот на Република Финска, Саули Нинисто, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил за принципиелната поддршка за нашата европска перспектива за време на изминатото шестмесечно финско претседателство со ЕУ и нагласил дека двете држави градат пријателски односи.

Претседателот Пендаровски, на средбата со Никос Анастасијадис, претседател на Република Кипар, изрази задоволство од воспоставените дипломатски односи и истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за заеднички развој на пријателски односи со Кипар во областите од заеднички интерес, особено во културата, трговијата и туризмот.

Со претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили, беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави и можностите за нивно унапредување, при што беше истакната потребата од воспоставување на билатерална правна рамка во сите области од взаемен интерес, како основа за натамошно продлабочување на соработката, особено во областа на економијата.

Претседателот Пендаровски вчера и денеска во Ерусалим, Израел учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски