Пендаровски: Во борбата против дискриминацијата, неопходни се независни тела

Од:

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија.

Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни резултати од конференцијата, посочувајќи дека сузбивањето и борбата против дискриминацијата претставуваат предизвик не само за нашата држава и регион, туку и за многу поразвиени општества и демократии.

„ Како што формите и опфатот на дискриминација, за жал, постојано се прошируваат, така се наметнува и потребата од прилагодување на националните законодавства, прифаќање на добрите практики и професионален пристап на сите надлежни институции и организации, со цел, да се обезбеди ефективно спроведување на принципот на еднаквост во буквално сите области од општественото живеење“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.

Тој посочи дека овие регионални конференции претставуваат можност за размена на добрите практики и споделување на корисни идеи и искуства помеѓу националните механизми за заштита на човековите права и телата за еднаквост, а со цел да ја подобриме работата на сите фактори во овој сегмент.

Претседателот потенцираше дека во оваа прилика е добро да потсетиме дека Северна Македонија изминативе години направи голем исчекор на ова поле, и легислативен, и практичен.

„За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела, кои ќе имаат знаење и капацитет да се справат со обврските, а тоа значи, доследно да се имплементираат законските одредби за заштита на човековите права. Тоа понатаму значи, координирано и навремено реагирање заради превенирање и санкционирање на сите форми на дискриминација.Во оваа прилика, сакам јавно да повторам дека ќе продолжам целосно да ги поддржувам напорите на Комисијата, особено во насока на подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за сите видови на дискриминација со кои тие се соочуваат“, рече претседателот Пендаровски и изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која во континуитет ги поддржува активностите во овој важен сегмент, преку поддршка и јакнење на националните механизми за антидискриминација.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски