Точно во минута претседателот Стево Пендаровски утрово во 10.30 часот пристигна во „Палата Србија“. Со интонација на македонската и на српската химна претседателот ја почна официјалната посета.
На платото пред „Палата Србија“ го пречека претседателот Александар Вучиќ и по поздравот од гардата влегоа на тет-а-тет средба.
Следува пленарна средба меѓу делегациите на Србија и Македонија, а предвидено е претседателот Пендаровски, освен со српскиот колега Вучиќ, денес да се сретне и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.
Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж и стопанственици од Република Србија.
Утре,пак, претседателот Пендаровски во Нови Сад е предвидено да учествува на 4. Регионален младински форум.