Владата може да го ограничи движењето од една во друга општина без вонредна состојба, тврди Пендаровски

Од:

Владата може и без да прогласи вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина, рече претседателот на државата Стево Пендаровски, по завршувањето на Советот за безбедност на кој беше одлучено да не се прогласува кризна или вонредна состојба поради коронавирусот.

Според него, не е важно како ќе биде наречена состојбата во државата. Пендаровски вели дека нашата држава најдобро ги спроведува мерките во однос на Албанија, Косово, Бугарија, Грција и тоа го кажуваат од меѓународниот фактор.

„Ние во многу ги надминуваме нашите соседи и мерките кои ги преземаат. Кај нив тоа се нарекува вонредна состојба, а ние имаме кризна состјоба во две подрачја. Можно е и во рамки на овој контекст и рамка која ни е дадена да се воведат уште неколку рестриктивни мерки за да се ограничи движењето на граѓаните. Можно е Владата без да прогласи вонредна состојба, да го ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина во нашите граници“, рече Пендаровски.

Проблем, според Пендаровски, е и членот со кој се регулира вонредната состојба, бидејќи државата нема закон за вонредна состојба, а Владата ќе добие широки можности носи и спроведува на законите.

„Не е важно името на состојбата во која сме, досегашните мерки се прилично ригорозни во однос на спречување на ширење на епидемијата. Тоа е проценето од меѓународни фактори како ефикасен елемент. Не дека треба да прогласиме, а ние не сакаме, но меѓутоа добро е да знаете дека ако не дај Боже дојдеме во ситуација, вонредната состојба е објаснета само во еден единствен член на Уставот и тоа не е доволно. Имаме цел закон за кризни состојби, кои има свои празнини, фалинки, но имаме само еден член од Уставот за вонредна состојба. Ние немаме Закон за вонредна состојба. Со тоа се дава прилично широка можност на Владата, да биде законодавец и спроведувач на законите. Во тој период, Собранието е суспендирано. Проценката нема потреба од вонредна состојба на цела територија“, додаде Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

САД ставија вето на приемот на државата Палестина во ОН

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски