Пендаровски: Вечерва повторно ја барам довербата од вас, во изминативе пет години зад моето име нема ни една афера

Од:

Вечерва се одржа промотивна, граѓанска конвенција на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Во своето обраќање пред присутните Пендаровски истакна дека повторно ја бара довербата од граѓаните, затоа што зад неговото име нема ни една афера, ни еден случај на корупција, на провизии или наместени тендери.

„Ако ја добијам вашата доверба и во следните пет години ќе продолжам да работам за плата, а не за проценти, ќе продолжам да ги третирам сите луѓе на еднаков начин независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат, ќе продолжам да соработувам и да ги почитувам младите луѓе чиј професионален успех не се должи на партиски или фамилијарни врски, ќе продолжам да им помагам на понижените да добијат човечки третман и правда во заедницата каде што живеат и ќе продолжам да го критикувам криминалот и високата корупција на кој било во државата, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржале и гласале за мене“ – истакна Пендаровски.

На конвенцијата, покрај претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Димитар Ковачевски и сопругата на Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска се обратија и актерката од турскиот театар Несрин Таир, писателот и активист Рамадан Рамадани и музичарот Ристо Вртев, кои дадоа поддршка за кандидатурата на Пендаровски за втор мандат.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на конвенцијата ги повика граѓаните да го поддржат кандидатот за претседател Пендаровски во првиот круг на 24 април и да покажат дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина и, како што истакна Ковачевски на 8-ми мај да победи европска Македонија.

Сопругата на Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска на конвенцијата истакна дека и покрај одговорната функција којашто ја извршува, Пендаровски како човек не се сменил бидејќи како што рече Ѓоргиевска, вистинскиот претседател е тоа, пред сѐ, човек: оној кој е заштитник на послабите, оние со помалку можности, маргинализираните и додаде дека во изминативе пет години Пендаровски бил морална вертикала и глас на разумот и во најтешките моменти, верувајќи дека само вистината е важна, независно од рејтингот.

Актерката Таир во своето обраќање истакна дека благодарение на досегашната работа на Пендаровски, највисоки државни награди добиле нејзини колеги, актери и режисери, кои, преку беспрекорно одиграни улоги, зад себе оставиле непроценливо богатство. Таир додаде дека нејзината поддршка за Пендаровски се темели на стандардите кои ги постави, на неговата посветеност, хуманост, демократскиот дух, како и волја да не запреме со осовременување и унапредување на системските вредности на нашата земја.

Истакнувајќи дека Пендаровски е пример како изгледа скромен, храбар и пожртвуван човек, музичарот Ристо Вртев истакна дека како стручен во меѓународната безбедност, нема подобар кандидат за претседател од Стево Пендаровски.

Според писателот и активист Рамадан Рамадани Претседателот ја претставува Републиката и е симбол на заедништво на нацијата. Во оваа насока Рамадани рече дека е уверен дека мнозинството граѓани ќе го препознаат вистинскиот претседател, претседателот кој е човек и кој е наш.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска