Пендаровски телефонски разговараше со Пич, тема политичките процеси во земјава и регионот

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, иформираат од кабинетот на претседателот.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните политички процеси во Република Северна Македонија и во поширокиот регион, со особен акцент на дијалогот Белград-Приштина.

Во телефонскиот разговор, како што велат од кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за актуелните случувања поврзани со руската агресија врз Украина и континуираните напори на НАТО-сојузниците за поддршка на украинските власти и солидарност со украинскиот народ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни

Средба на Пендаровски со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Пендаровски: За да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи

Ана Ололовска

Реакција од Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод ставовите искажани од ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Професорот Овчаров: Очекувам провокации за време на прославата за Гоце Делчев

Орце Костов

Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Катерина Павлова-Николовска