Пендаровски-Столтенберг: Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина

Од:

Претседателот Стево Пендаровски телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Дискутирале за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски ја реафирмирал поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Столтенберг се заблагодарил за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на земјата. Генералниот секретар на НАТО и претседателот на Македонија согласиле дека Алијансата треба да продолжи во напорите за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот