(ВИДЕО) Пендаровски: Секој функционер кој со државна плата станал милионер треба кривично да одговара

Од:

Претседателот Пендаровски во својот завршен говор пред пратениците во Собранието испрати клучна порака до следната власт дека веднаш треба да се спроведе прочистување кај судиите и обвинителите, но прво кај политичарите.

Тој рече дека е разочаран за тоа што многубројните судски постапки нема судска завршница, односно никој не завршил зад решетки со што правдата не е задоволена.

„Во редица судски процеси не видовме завршница, дел од најголемите правни случаи застареа, а креаторот на режимот избега и од правдата и од државата. Притоа ниту една институција не кажа јавно како тоа воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше аферата ‘Рекет’ во која меѓу обвинетите за тешки дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана да ги гони криминалците. Порачувам веднаш по изборите да се спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но и кај политичарите. За секого што нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не само оставка туку кривична постапка“, порача Пендаровски.

Пендаровски во својот говор се осврна и на законот за јазици при што рече дека треба да се испочитува мислењето на Венецијанската комисија.

„Комисијата не вели дека на Албанците им се дадени премногу права, напротив не истакнува како пример на држава која оди подалеку од европските стандарди во оваа област. Меѓутоа, со право забележува дека нашата држва во овој момент не поседува капацитет и ресурси да ги имплементира тие стандарди во судските и управни постапки. Со други зборови, какво фајде од законот ако неговите зборови останат само на хартија“, рече Пендаровски.

Во неговото излагање тој посочи три области во кои потребно да се постигне надпартиски консензус – за загадувањето, за пописот и за иселувањето на младите луѓе.

Додаде дека во овие области треба да се алармира и делаува заеднички за да се постигнат резултати во интерес на сите граѓани.

„Во ситуација кога 15 години чекаме да почнеме преговори со ЕУ и кога влегуваме во НАТО после 20 години, а стандардот пер капита е на 80 проценти од некогашниот наш југословенски просек, со просечна плата од 400 или 500 евра, иселувањето може да бележи нови поразувачки рекорди. Притоа не како политичари туку како обични луѓе мора да се согласиме, ако еден млад човек ја напушти државата заради нашите политики, тоа не е трагедија само за неговото семејство, туку за сите нас“, рече Пендаровски.

Се осврна во однос на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија и кажа дека како претседател стои на ставот дека ќе се заложи да работи во интерес на сочувувањето на идентитетот и културата на народот.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Меџити не сакал да влијае ама прати порака: Членовите на Уставниот суд да размислат со трезна глава околу Законот за употреба на јазиците

ВРЕДИ: Иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар