Пендаровски се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

На средбата, соопшти Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во сферите од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Баздникин разменија информации за состојбите во двете земји во контекст на пандемијата од Ковид-19, како и за справувањето со последиците на здравствен, економски и на социјален план.

Амбасадорот Баздникин, во пресрет на Денот на независноста 8-ми Септември, на претседателот Пендаровски му предаде честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Од Кабинетот на Пендаровски го проследија интегралниот текст на честитката од рускиот претседател:

– Почитуван господине Претседател, примете честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на независноста. Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија би им одговарало на интересите на нашите народи, би придонесувало за зацврстување на безбедноста и стабилноста на Балканот. Искрено Ви посакувам добро здравје и успеси, а на сите Ваши сограѓани мир и добробит. Со почит, В. Путин.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата