Пендаровски се сретна со пензионираните генерали во Армијата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари средба со пензионираните генерали во Армијата.

На традиционалната пред новогодишна средба со пензионираните генерали, претседателот Пендаровски истакна дека со зачленувањето во НАТО земјава исполни една од нашите главни стратешки цели и се валоризираа севкупните напори на сите што работеа во областа на одбраната, а каде голем удел имаа и сите припадници на Армијата, од независноста до денес.

Армијата денеска, нагласи претседателот Пендаровски, е рамноправна со сојузничките армии на другите земји членки на НАТО Алијансата, придонесувајќи за глобалната безбедност.

Тој им се заблагодари на пензионираните генерали за нивниот значаен придонес во градењето на Армијата.

Претседателот рече дека инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи и оти еден од неговите главни приоритети останува во следните години да се достигне зацртаната цел, 2,0 отсто од БДП да се одвојува за одбраната.

На традиционалната пред новогодишна средба, покрај дваесет и четворицата пензионирани генерали, од кои петмина се пензионирани началници на Генералштабот, присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски