Пендаровски се сретна со неформалната група македонски професионалци што живеат во САД

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на Обединетите нации, се сретна со неформалната група македонски професионалци коишто живеат во САД.

На средбата се разговараше за нивните тековни активности, за нивните професионални аспирации и за предизвиците во сферите на нивното дејствување. Во таа насока, беше реафирмирана подготвеноста за зајакнување на соработката и размена на искуства во областите од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што голем број од Mакедонците што живеат во САД се реализирани личности кои во изминатите години создаваат успешни бизнис и животни приказни, притоа негувајќи ја врската со нивната матична држава. Во тој контекст ја нагласи потребата од засилен ангажман на македонските институции во насока на создавање услови за градење нови бизнис релации, што ќе придонесе за продлабочување на севкупната соработка на нашата држава со САД.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски