Пендаровски против идејата на ДУИ да се избере претседател во Собранието: Ќе бев сменет за едно попладне

Од:

Актуелниот претседателот Стево Пендаровски ја најави граѓанската кандидатура за втор мандат и ги повика сите граѓани да дадат поддршка со потпишување во канцелариите на Државната изборна комисија. Тој ги очекува гласовите од сите етнички заедници.

– Ги очекувам гласовите од сите етнички заедници како што тоа се случи во 2014 година. Тогаш кога ДУИ имаа влада со ВМРО-ДПМНЕ, јас имав 35.000 гласови од етничката албанска заедница. Поинаку не можам да ја замислам улогата на претседателот ако го бира само една етничка заедница. Ги почитувам сите кандидати што се квалификувани во првиот пруг и со сите нив имам коректни односи.

Пендаровски го соопшти и ставот околку изборот на претседател во Собранието кој го оспорија сите партии освен ДУИ.

– Моето искуство од изминативе пет години ми вели дека далеку е подобро да имате независен претседател во однос на политичките субјекти и во однод на економските центри на моќ и кога те бирани на општи избори отколку да се сте бирани во парламент. Знарте дека бев во колизија со ставовите на владејачката партија, за ставовите за „Рекет’. Ако бев избран во парламентот дури и со квалификувано мнозинство, ќе бев смемнет истото попладне.

На македонија и е потребна една независна институција како претседател која може да биде баланс според ова што јавно го изјавува. Мора да има морална вертикала која дури и на оние што го предложиле може да им каже дека е до тука – додаде Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски