Пендаровски прифати, ТВ-дуел после 1 април

Од:

Повици за тв-дуел, меѓусебни обвинувања и низа предизборни ветувања веќе на големо се слушаат од претседателските канидати. Иако изборната кампања почнува на 1 април, а кандидатите имаат рок до четврток да ги достават кандидатурите до Државната изборна комисија, тие речиси цел месец претходно ги интензивираат средбите со граѓаните, предизборната реторика, како и дневните партиско -политички препукувања.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска реагира на апсењето на лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовки.

„Секојдневните приведувања на опозициски политичари во амбиент на расцветан криминал и корупција потврдени од извештаи на ЕУ, САД и меѓународни организации, се шокантни. Кога би повеле постапка и привеле и некој од власта би ви поверувале дека правдата е неселективна. Приведувањето на опозициски лидер пред изборите не ме плаши, продолжуваме по патот на правото и правдата за Македонија“, напиша на Фејсбук Силјановска Давкова.

На обвинувањата на Силјановска возвратија од Центарот за комуникации на СДСМ, од каде порачаа дека кандидатката на Христијан Мицкоски се ставила во одбрана на криминалците.

„Со таквото однесување, Силјановска уште еднаш потврди дека и таа исто како и Мицкоски и Иванов припаѓа на матрицата на Никола Груевски, матрица на одбрана на криминалот. Силјановска не може да биде на страната на правото и правдата, бидејќи е на страната на криминалците“, порачаа од СДСМ.

Претходно, Силјановска во неколку наврати го обвини својот противкандидат, меѓу другото и дека тој не е новото лице на правдата, туку остаток од корумпираниот елитистички естаблишмент, а почна и твитер-кампања под хаштаг #СтевоИзвини каде иронично се „извинува“ на власта за бегството на Груевски ,за мерцедесот, како и за амнестијата на дел од обвинетите за 27 април.

Од друга страна пак кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, слично како и во претходните денови, и денеска порача дека неговиот фокус се НАТО и Европската Унија.

„Македонија нема друга алтернатива освен влез во НАТО и Европската Унија. На 21 април имаме два избори – да го продолжиме овој пат или да се вратиме кон несигурност и изолација,“ напиша Пендаровски на „Фејсбук“.

Изминатите денови Пендаровски ја „нападна“ Силјановска затоа што ги релативизирала настаните од крвавиот четврток и затоа што немала доблест да се извини за тоа што минатите години го направила партијата која сега ја кандидира за највисоката функција во државата.

Сепак, она што се чини најмногу го очекува јавноста е директно соочување на претседателските кандидати. Силјановска неколку пати го повика Пендаровски на тв-дуел, во една прилика и со чаша вино од кафе-бар во Охрид, а Пендаровски прифати , но откако и официјано ќе започне предизборната трка.

Од изборниот штаб на третиот претседателски кандидат Блерим Река кој денеска и официјално ја достави кандидатурата до ДИК најавија кампања во целата држава и дека ќе бараат поддршка од сите граѓани, не само од Албанците.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници

Предраг Петровиќ

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

Предраг Петровиќ

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески