Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски

Од:

Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Токму затоа, прв предложив да се одржат два големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа. Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на ТВ дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати“, изјави Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски