Пендаровски: Побарав од поглаварот и од реисот да делуваат превентивно и да не ги поттикнуваат собирите на големи групи верници

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи. Тој им ја пренел неговата загриженост во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.

„Како претседател на сите граѓани им укажав на верските лидери дека од нив очекувам како и досега да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи.

Една од клучните работи што ни ги покажа пандемијата со КОВИД-19 е дека без разлика на која заедница припаѓаме, сите еднакво сме под ударот на коронавирусот.

Мерките кои се воведени за заштита од пандемијата, не забрануваат на ниту еден граѓанин да ја практикува својата религија. Но, она што мораше да се ограничи и уште е ограничено, се масовните собирања по повод кој било верски празник, како и верски обичаи.

Ги повикувам надлежните институции да постапуваат соодветно, во рамки на одговорностите кои ги имаат за одржување на стабилноста. На сила е вонредна состојба, пандемијата на КОВИД-19 уште трае, а здравствените работници неуморно и со натчовечки напори секојдневно се ангажирани за лекување на нашите сограѓани кои се заразени.

Вложивме многу за да ги избегнеме негативните последици со кои се соочија многу земји каде што имаше голем број на жртви и кои доведоа до затворање на храмови и светилишта како во христијанскиот, така и во муслиманскиот свет.

Во интерес на сите граѓани, а со цел што поскоро надминување на состојбите побарав од поглаварот и од реисот да делуваат превентивно и да не ги поттикнуваат собирите на големи групи верници“, се наведува во писмената изјава на претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски