Пендаровски оствари средба со албанскиот амбасадор Река

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река, на која биле разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Албанија и било изразено задоволство од постојаниот напредок.

Од Кабинетот на Пендаровски информираа дека двајцата соговорници ја реафирмирале подготвеноста на двете држави за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, со акцент на економската област кадешто постои голем потенцијал.

– Пендаровски истакна дека двете држави споделуваат надворешно-политички приоритети, негување на добрососедски односи, соработка во рамки на регионалните иницијативи и европската перспектива. Во таа насока Претседателот изрази уверување дека Северна Македонија и Албанија ќе ја продолжат конструктивната партнерска соработка изразена преку заемната помош и поддршка во остварувањето на заедничките стратешки цели, полноправно членство во Европската Унија. Двајцата соговорници констатираа дека тоа е еден од клучните предуслови за трајна стабилност и економски просперитет на целиот регион, посочија од неговиот Кабинет.

Од Кабинетот наведоа дека претседателот и амбасадорот Река се осврнале и на актуелната состојба со Ковид-19 и ја нагласиле неопходноста од интензивирање на меѓудржавната соработка, со цел заедничко справување со последиците коишто произлегуваат од пандемијата.

Амбасадорот Река на претседателот Пендаровски му ја предал честитката по повод Денот на независноста од албанскиот претседател Илир Мета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски