Пендаровски основа Претседателски центар за политичко образование

Од:

Во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, со одлука на претседателот Стево Пендаровски се формираше Претседателски центар за политичко образование.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Центарот за политичко образование е еден од клучните проекти во неговата програма за работа, кој ќе ги поврзе младите од различно потекло во рамки на повеќе едукативни настани со еминентни предавачи и обучувачи од земјата и странство.

-Целта е да го поттикнеме интересот кај младите за политиката и да се мотивираат да се вклучат, подобро да ја разберат и да ја практикуваат политиката на најдобар можен начин. Преку Центарот ќе ја промовираме културата на дијалог во духот на демократските вредности и ќе придонесеме за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалното и неформалното образование, истакна претседателот Пендаровски.

Со цел спроведување на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование, како повремено работно тело на претседателот на Република Северна Македонија, е формиран Програмски совет составен од претседател, седум членови и секретар.

Како партнери во рамките на овој проект учествуваат фондациите и здруженијата : Фондација „Фридрих Еберт” – Скопје; Фондација за демократија на Вестминстер, подружница во Република Северна Македонија; Фондација „Конрад Аденауер”, подружница – Скопје, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), канцеларија во Северна Македонија, Меѓународен републикански институт (ИРИ), подружница – Скопје и Фондација „МК2025”.

Во работата и активностите на Претседателскиот центар за политичко образование можат да учествуваат сите здруженија и фондации од земјата и странство кои имаат основна цел да ја промовираат културата на дијалог во духот на демократските вредности, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски