Пендаровски: Нема да пропадне Македонија ако вметнеме 3.500 Бугари во Уставот

Од:

Претседателот Стево Пендаровски по средбата со австрискиот колега, Александар Ван дер Белен, рече наскоро ќе се формира работна група која ќе изготви уставни амандмани, а тој ќе предложи свој експерт и очекува дека многу брзо јавноста ќе ја види содржината на амандманот со кој ќе се вметнат и Бугарите во Уставот.

„Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот. Тие се околу 3.500 луѓе во земјава. Македонската сувереност нема да се загрози со овој чекор. Самата содржина на амандманите ќе биде бенингна“, рече Пендаровски.

На прашањето дали ќе Бугарија ќе ја условува Македонијa со нови барања во иднина, Пендаровски рече дека не може да се предвидува ништо предвреме.

– Условите кои досега ни ги поставуваше Бугарија никој не можеше да ги предвиди, ниту во Скопје ниту во Брисел. Верувам дека нема да има нови барања од нивна страна, но, граѓаните оправдано прашуваат дали ќе има нови барања од дргуа или иста земја доколку ги направиме уставните измени. Кредибилитеѕтот на ЕУ како заедница овде е сега драстично нарушен, затоа што ние сме единствена земја која го сменила името а чека во чекалната на ЕУ – додаде Пендаровски.

Запрашан дали ќе ја убедува ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени со кои бугарското малцинство ќе влезе во Уставот, претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, рече дека нема да се меша во внатрешно – политичките односи, но, смета дека во Парламентот сериозно ќе се размисли за тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева