Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми

Од:

Како држава која се определила за членство во Европската унија и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи, порачува претседателот Стево Пендаровски по повод последните случувања во судскиот процес со кој се опфатени новинарите на ИРЛ.

Како што укажува Пендаровски, не смее да има етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми како во минатото бидејќи таквите процеси не доведоа до демократски развој.

Пендаровски истакнува дека слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес и оти новинарството е слободна професија и како таква е потребно да подлежи на принципот на саморегулација од страна на медиумските тела и организации.

Јавноста, подвлекува шефот на државата, има право да биде навремено и точно информирана за сите важни прашања во едно општество кои се однесуваат на јавниот интерес.

– Граѓаните, исто така, имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, правото на граѓаните да бидат информирани за теми од јавен интерес и да му дадат приоритет на јавниот интерес наспроти поединечниот интерес особено кога се работи за прашања кои го засегаат големото мнозинство од општеството. Во таков случај, во јавен интерес е јавноста да биде запознаена со релевантни факти од значење за тие прашања. Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој. Како држава која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи, наведува претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

(ВИДЕО) Архитектот и политикологот Тони Поповски: Моја поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски

Горан Наумовски

Учество на претседателот Пендаровски на панел-дискусијата „Фокус на Балканот“ на Минхенската безбедносна конференција

А1он

Пендаровски не го потпиша Указот за измените на Законот за игри на среќа

Горан Наумовски

Претседателот Пендаровски одликуваше шестмина македонисти со Медал за заслуги за Република Македонија

Пендаровски ги одликуваше Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија