Пендаровски не се сомнева во Рама: Не гледам лоша позадина од средбата во Тирана

Од:

Шефот на државата, Стево Пендаровски не се сомнева во намерите на лидерите на албанските партии од Македонија ниту во намерите на албанскиот премиер Еди Рама и не мисли дека таму се креирале антимакедонски сценарија.

– Да не заборавиме, Албанија е членка на НАТО и е наш пријател. Немам никаков сомнеж во намерите на премиерот Еди Рама, го знам прилично добро и го знаете вие сите. Не мислам дека таму се креираат некои антимакедонски сценарија. Има еден аспект дали таму се собрале претставниците на албанските партии за да направат две третини за промена на Уставот. Сите тие месеци наназад се за промена на Уставот. Не гледам лоша позадина од таа средба – истакна Пендаровски во Клубот на пратеници.

Претседателот, исто како и владејачката СДСМ, смета дека земјата не е во предизборен период и не се размислува за избори.

– Не сме во предизборен период, не размислуваме за избори и врвен политички приоритет е можеби промената на Уставот, но не гледам причина зошто Рама би ги викнал за тоа таму кога е познатиот нивниот став – додаде тој.

На прашањето за коментар на посетата на руските свештеници на МПЦ, Пендаровски рече дека нивната посета минала во рамки на црковната дипломатија, односно се разговарало само за црковни прашања.

Би можело да ве интересира

Рама се закани: Ќе ги најдеме маскираните демонстранти, ќе ја платат штетата

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Рама вети зголемување на платите и награди за полицајците на „првата линија“

А1он

Рама: Нема да поднесам оставка, „странска рака“ е организатор на протестите

(ВИДЕО) Протестите во Албанија се проширија во неколку градови – судири меѓу демонстрантите и полицијата

А1он