Пендаровски не планира да свика лидерска средба

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, не планира да свика лидерска средба, велат од Кабинетот на шефот на државата.

-И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите, истакнуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Премиерот и претсетадел на СДСМ Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне“ тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, најави дека неговата партија нема да учествува ако лидерската ја организира Пендаровски.

И Заев и Мицковски се согласни дека на лидерската средба треба да се разговара за корона кризата, евроинтеграциите и други прашања од интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Неизвесноста го засилува масовното иселување на младите

Пендаровски: Руската инвазија врз Украина ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Посредници од политички и безбедносни структури ургирале Пендаровски да размисли за помилување на одредени политичари

Горан Наумовски

Пендаровски: Ако за земјите од Западен Балкан се инсистира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ

Горан Наумовски