Пендаровски не планира да свика лидерска средба

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, не планира да свика лидерска средба, велат од Кабинетот на шефот на државата.

-И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите, истакнуваат од Кабинетот на Пендаровски.

Премиерот и претсетадел на СДСМ Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне“ тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, најави дека неговата партија нема да учествува ако лидерската ја организира Пендаровски.

И Заев и Мицковски се согласни дека на лидерската средба треба да се разговара за корона кризата, евроинтеграциите и други прашања од интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата