Пендаровски најави дека ќе се кандидира повторно за претседател

Од:

Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 претседателот Стево Пендаровски прашан дали ќе ги покани на кафе кандидатите за претседател, одговори дека не може да ги покани.

-По нашите прописи во тие 20 дена јас сум кандидат, морам некои работи и како претседател да ги извршувам, но јас сум кандидат повеќе отколку претседател, рече Пендаровски.

Со оваа изјава Пендаровски индиректно најави дека на следните претседателски избори ќе биде повторно кандидат за претседател, односно дека ќе бара втор мандат.

Официјално засега кандидатура најави Вело Марковски кој ќе побара поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи ќе се собираат согласно законските прописи по распишување на изборите. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за кандидати.

Редовниот термин за избор на претседател се движи во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, наназад од 12 мај. Првиот круг според ова би требало да се случи во периодот од 14 март до 21 април.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата