Пендаровски на Процесот Брдо-Бриони: На земјите од Западен Балкан им е потребен пристап до механизмите на ЕУ за справување со економската криза

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брдо кај Крањ учествуваше на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на кој се дискутираше за актуелните клучни теми во регионот и Европа, за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, за безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и за мерките и начините за справување со енергетската и економската криза со кои се соочуваме, како последица на војната во Украина.

Проширувањето на Европската Унија, посочи претседателот Пендаровски придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, и затоа е неопходно забрзување на интеграциските процеси на сите земји од Западен Балкан. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување претстојниот состанок на Европската политичка заедница, што треба да се одржи во почетокот на октомври, да придонесе за натамошно забрзување на интеграцијата.

Лидерите го поздравија официјалниот почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и ги повикаа институциите на Европската Унија да преземат дополнителни храбри одлуки во врска со интеграцијата на преостанатите земји од Западен Балкан.

Во рамки на дискусијата, претседателот Пендаровски посочи дека Босна и Херцеговина го заслужува кандидатскиот статус за ЕУ, а Косово безвизниот режим и изрази очекување за натамошна силна поддршка од страна на Словенија и Хрватска во евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека на земјите од Западен Балкан им е неопходен пристап до механизмите на ЕУ што поскоро, како поддршка за справување со претстојната енергетска криза, и посочи дека економската и социјалната криза може да предизвикаат повеќегодишна политичка криза и да генерираат дополнителна нестабилност. Со цел да се ублажат негативните ефекти од војната во Украина, претседателот Пендаровски апелираше на засилена соработка и дијалог.

На крајот претседателот Пендаровски посочи дека земјава е подготвена наредната година да биде домаќин на Брдо – Бриони Процесот.

На состанокот во Крањ на покана на словенечкиот и хрватскиот претседател, Борут Пахор и Зоран Милановиќ, учествуваа претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски