Пендаровски на билатерални средби со претседателите на Литванија и Молдавија и со премиерот на Канада

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Минхен, на маргините на 56-та Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерални средби со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа, со претседателот на Република Молдавија, Игор Додон и со премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата на Пендаровски со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа беше констатирано дека односите меѓу Северна Македонија и Литванија се традиционално добри и пријателски, со континуиран политички дијалог.

Пендаровски, како што се наведува, се заблагодари за досегашната поддршка од Литванија во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина.

Пендаровски подвлекол дека за нас е клучно што поскоро државите членки на ЕУ да се усогласат за новата методологија за преговарање и нашата држава да добие датум за почеток на преговорите за време на хрватското претседателство со Европската Унија.

На средбата, како што се наведува, беше изразена подготвеност за развој на економската соработка, како и за унапредување на договорната рамка меѓу двете држави.

На средбата со претседателот на Република Молдавија, Игор Додон беа разменети мислења за севкупните билатерални односи при што беше констатирано дека повеќе од две децении двете држави негуваат пријателски односи и меѓусебно почитување.

Двајцата соговорници оценија дека е потребен континуиран политички дијалог со заемни заложби за понатамошно унапредување на соработката на билатерален и мултилатерален план преку размена на официјални и работни посети на високо ниво, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претседателот Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика

Ана Ололовска

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Ана Ололовска

Пендаровски: Само заедно можеме да ја добиеме битката против коронавирусот, да бидеме одговорни и дисциплинирани

Ана Ололовска

Од кабинетот на претседателот информираат: Резултатите од починатата мајка на сопругата на претседателот се негативни

Кристијан Ландов

Пендаровски: Приемот во НАТО еден од трите најважни моменти во нашата понова историја

Ана Ололовска