Пендаровски му се заблагодари на Штајнмајер за постојаната германска поддршка во европската интеграција

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Пендаровски изразил задоволство од интензивниот политички дијалог меѓу двете држави и упатил благодарност до германскиот претседател за постојаната германска поддршка за нашата европска интеграција и затоа што прашањето за проширување на ЕУ е во приоритетите на германското претседавање.

– Во таа насока, претседателот Пендаровски посочи дека очекува до крајот на годинава да се одржи првата меѓувладина конференција со што ќе се означи официјалниот почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Отпочнувањето на преговорите ќе биде дополнителен мотив за земјава и поттик за понатамошно спроведување на неопходните суштински реформи, особено во сферата на правната држава и социоекономскиот развој, стои во денешното соопштение од кабинетот на Пендаровски.

Сојузниот претседател Штајнмајер истакнал дека после конструктивните разговори меѓу претставниците на владите на Северна Македонија и Бугарија во Берлин во текот на вчерашниот ден, се надева дека во рамки на германското претседателство, до крајот на годинава, официјално ќе започнат преговорите на ЕУ со нашата држава.

– При тоа, истакна дека билатералните прашања треба да се решаваат во духот на добрососедството и на европските вредности, се наведува во соопштението.

Двајцата претседатели констатирале дека прашањата во однос на историјата треба да продолжат да се дискутираат меѓу експертите во рамки на заедничката комисија за историски и образовни прашања. Било истакнато и позитивното искуство на Германија во оваа сфера и понудена поддршка на работата на комисијата.

Претседателите Пендаровски и Штајнмајер го осудиле терористичкиот напад во Виена и оцениле дека тоа е напад врз заедничките европски вредности во кои веруваме. Се согласиле дека е неопходна засилена соработка на безбедносен план за превенција и пресретнување на терористичките закани.

Пендаровски и Франк-Валтер Штајнмајер разговарале и за состојбите во двете држави во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што шефот на нашата држава се заблагодарил за добиената севкупна германска помош во справувањето со пандемијата.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби