ВИДЕО: Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој треба да ја предложи новата влада, која се очекува до полноќ да биде изгласана во Собранието.

Спасовски се заблагодари за честа и одговорноста која ја добива како мандатар за состав на преодната влада.

– Наша задача ќе биде да направиме се да продолжи државата со напредокот, да направиме се за да имаме фер и демократски избори и да овозможиме слободно граѓаните да донесат одлука. Сите институции да продолжат понатаму со истата динамика, како што работеа и досега, се со цел да има развој и просперитет за иднината на оваа држава, рече Спасовски.

Техничката влада која ќе ја предводи Оливер Спасовски во следните сто дена треба да ги организира изборите кои треба да се одржат на 12-ти април.

Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Во преодната влада, опозицијата, освен министер за внатрешни работи, предлага и министер за труд и социјална политика, како и дополнителни заменик-министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство, а власта добива заменици во МВР и МТСП.

За министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев, професионалец од Агенцијатa за разузнавање, откако СДСМ не го прифати предлогот Драган Ковачки, армиски полковник, да биде на оваа функција. Рашела Мизрахи ќе биде предлогот за министер за труд и социјална политика, заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојкоски и за земјоделство Цветан Трипуновски.

По предлог од СДСМ, заменик-министер за внатрешни работи ќе биде Славјанка Петровска, а за труд и социјална политика Санела Шкријејљ.

Ова ќе биде втора преодна влада пред одржување предвремени парламентарни избори. Прв премиер во преодната влада беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне

Лефков: Ковачевски и СДС за да продолжат со криминал го направија командант Форина премиер на Македонија, а сега го молат ДУИ за заеднички листи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ се заплетка, седи во техничка Влада со Џафери, а глуми дека не е

Катерина Ѓуровски

Примопредавање на премиерската функција, почнува мандатот на третата техничка Влада

Катерина Ѓуровски