Пендаровски: Мојата животна визија е Македонија да биде земја без внатрешни поделби, земја на соживот

Од:

Изборниот караван на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска е во неколку скопски општини. Пред граѓаните на Илинден и на Петровец, Пендаровски истакна дека неговата животна визија е Македонија да биде земја без внатрешни поделби, земја на соживот, држава во која се живее пристојно. Затоа, како што посочи тој, немаме повеќе време за губење и мора да го продолжиме патот кој досега го трасиравме.

„Нема план Б. Ако не го смениме Уставот, нема да ги продолжиме преговорите со ЕУ. 25 години се занимавам со меѓународна политика и знам дека не може поинаку. Но тие упорно велат дека одново ќе ги преговараат сите договори”, рече Пендаровски и додаде дека најмногу го плаши фактот дека граѓаните бргу заборавија како владееше Груевски.

„Ве молам да се потсетите како беше во нивно време. Изолација, искарани со сите соседи, без пријатели во светот. Со апсењето на новинарот пред некој ден не потсетија, бидејќи сега владеат истите луѓе, истите кадри на Груевски” подвлече Пендаровски.

Посочувајќи на, според него, најголемиот проблем на државата – иселувањето на младите, Пендаровски рече дека младите ќе останат дома само ако двојно се зголеми животниот стандард, а тоа потенцираше тој, е можно само ако сме заедно со развиените западно-европски држави.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он