Пендаровски: Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Баиба Браже, помошничка на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, која e во посета на земјава по повод учеството на конференција за комуникатори на НАТО, чиј домаќин е Македонија.

Добивај вести на вибер
На средбата се разговараше за соработката меѓу НАТО и Северна Македонија, за новиот стратегиски концепт на Алијансата, како и за војната во Украина и улогата и важноста на стратегиските комуникации на НАТО.

Во таа насока беа разменети мислења за комуникациските функции и планови на Алијансата, за информациските активности за време на руската инвазија врз Украина, соработката со партнерите во оваа област и дигиталните комуникации.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија, користејќи ги механизмите кои ни стојат на располагање како членка на НАТО, ќе продолжи активно да се бори со цел јакнење на отпорноста кон дезинформациите, превенирање и намалување на штетните влијанија од лажните вести, кои го поткопуваат системот и колективната безбедност.

Тој додаде дека е неопходен континуиран развој и усовршување на стратегиските комуникации кои претставуваат еден од клучните безбедносни капацитети, и дека земјава и понатаму ќе ги поддржува заедничките напори на Алијансата со цел креирање на јавно мислење базирано на фактички точни информации.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

Предраг Петровиќ

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

(ВИДЕО) Пендаровски: На 24 април заокружете број еден за стабилност во следните уште пет години

Горан Наумовски

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата

Пендаровски: Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам

Предраг Петровиќ