Пендаровски – Лофвен: Поддршка од Шведска за старт на преговорите со ЕУ

Од:

Актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија беше главна тема на разговор на денешната средба во Малме меѓу претседателот Стево Пендаровски и премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, домаќинот на Меѓународниот форум „REMEMBER – REACT“, („Запомни – Реагирај“).

Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, информираат од кабинетот на Пендаровски, претседателот изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат.

Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина. Истовремено, изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата, што се одржа во рамки на работната посета на Кралството Шведска, претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутираа и за билатералните односи меѓу двете држави при што оценија дека се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Да ја држиме политиката што подалеку од армиските редови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики

Ана Ололовска

Пендаровски: Ако една генерација ја изгуби вербата во правдата, таа ја изгубила довербата во државата

А1он

Средба Пендаровски – Ламорџезе: Благодарност до Италија за поддршката на евроинтеграцијата на земјава и за донацијата на 256.000 Фајзер вакцини

Ана Ололовска

Став од Кабинетот на Претседателот: Пендаровски нема нарачано, платено, ниту спроведено анкета за истражување на јавно мислење

Ана Ололовска

Презентирана анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“

Ана Ололовска