Пендаровски – Линде: Случајот на Македонија е тест за кредибилноста на процесот на проширување на ЕУ

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на која изрази очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски потенцира дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот и се заблагодари на министерката Линде за континуираната и конзистентна поддршка којашто ја добива нашата држава од Шведска во однос на европската интеграција.

Двајцата соговорници на средбата разговараа за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски