Пендаровски – Лајчак: Обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска во Давос остварил средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за актуелните случувања и главните регионални предизвици, за очекувањата од дијалогот Белград-Приштина и за важноста од засилена регионална соработка како еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот.

-Во однос на перспективите на Северна Македонија, двајцата соговорници ја нагласија неопходноста од одговорен пристап на сите политички чинители, за обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски и специјалниот претставник на ЕУ Лајчак ја нагласиле важноста од продолжување на редовната комуникација и размена на мислења и информации од заемен интерес.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Мицкоски – Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа