Пендаровски ќе ја ангажира Армијата во обезбедувањето на јужната и на северната граница

Од:

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19, како и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба.

Според Одлуката на Владата кризната состојба ќе трае најмногу 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 година.

Владата во одлуката воедно му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да почне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски