Пендаровски: Иванов ја злоупотребува функцијата

Од:

Претседателот на државата треба да обединува не да дели.

За жал во последно време сме сведоци дека господинот Иванов чији втор мандат беше добиен на нелегитимен начин продолжува да ја злоупотребува таа функција и упорно сите закони кои се носат во Парламентот, а се од интерес на сите граѓани ги праќа под старото Уставно име и со тоа оневозможува тие да влезат во сила и од тоа да видат ефект сите граѓани, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Прилеп.

Наместо да ја дели нацијата, граѓаните, претседателот треба да обединува тоа е негова прва и последна задача.

Ве уверувам дека ако ја добијам довербата од граѓаните на нашата држава дека јас ќе бидат првиот кој ќе застане во заштита на граѓанските интереси, не на интересите на некоја тесно партиска група, или политичка елита.

За жал во изминативе 10 години ние не видовме човек на таа позција кој знае да работи во интерес на граѓаните, затоа што исклучиво ги следеше интересите на партијата која го постави на таа позција или попрецизно на фамилијата која стоеше зад таа партија, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он