Пендаровски: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан за ЕУ треба да биде главна стратешка и геополитичка одлука, а не техничко прашање

Од:

Европскиот проект нема да биде целосен доколку земјите од Западен Балкан не се интегрираат целосно во Европската Унија, рече претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање на самитот ЕУ-Западен Балкан, во организација на тинк тенк „Пријатели на Европа“.

Говорејќи на сесијата „Поддршка на регионализацијата: Мост кон силна и стабилна демократија“, Пендаровски истакна дека е време за нов пристап којшто ќе ја препознае интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија како главна стратешка и геополитичка одлука, а не како техничко прашање.

-Стабилноста и безбедноста на регионот, како и неговиот демократски развој, се потпираат на европската перспектива. Создавањето на вакуум во интеграцијата на регионот може да биде искористен од други надворешни сили. Земјите-членки на ЕУ имаат историска шанса да дадат придонес кон европската стабилност и просперитет“, нагласи Пендаровски.

Со усвојувањето на новата методологија за водење на пристапниот процес, како што додаде претседателот Пендаровски, земјите од Западен Балкан треба да исполнат јасни критериуми, меѓу коишто се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и високата корупција, доколку сакаат напредок во интегративниот процес.

Важна област, според Пендаровски, е демократскиот развој, кој, како што оцени, е под притисок на популистички движења и загрозен од проблемите со владеењето на правото, нефункционалните институции и ниската доверба во нив, како и скромниот социо-економски развој, кој, пак, е меѓу главните причини за зголемена миграција, особено меѓу младите.

Според претседателот Пендаровски, регионалната економска интеграција може да биде од корист за интегративниот процес, имајќи предвид дека економскиот развој е еден од главните предуслови за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сите иницијативи коишто се во функција на интеграција во единствениот европски пазар се повеќе од добредојдени, рече претседателот Пендаровски и додаде дека секоја економска иницијатива би била нецелосна доколку не биде поткрепена и со напредок во интеграција кон Европската Унија.

Одговарајќи на прашањата на учесниците на самитот претседателот Пендаровски подвлече дека деновиве би сакал да слушне дека ќе се случи првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и ЕУ , бидејќи како што рече, „освен членството во Унијата, за нашата земја нема друга алтернатива“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ