Пендаровски: Имам визија и енергија да продолжам со борбата за благосостојбата на нашите граѓани и на нашата држава

Од:

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во својата Програма за претстојните претседателски избори ги адресира клучните потреби на сите категории граѓани и нуди решенија за сите предизвици пред кое е исправено македонското општество, се вели во соопштението од изборниот тим на претседателот Стево Пендаровски.

„Сите предизвици со кои се соочивме и со кои се соочуваме ме убедија дека единствено доколку имаме јасна визија, прецизна стратегија и граѓанско единство можеме да ја оствариме нашата цел да живееме во уредена држава којашто почива врз принципот на владеење на правото, економски напредува, обезбедува социјална правда и целосна еднаквост на сите наши граѓани без оглед на потеклото во нашето мултикултурно македонско општество. Зад себе немам ниту една корупциска афера или пример на користење на функцијата за остварување на лични интереси. Затоа на претстојните избори ја барам вашата поддршка и доверба за втор мандат. Имам визија и енергија да продолжам со борбата за благосостојбата на нашите граѓани и на нашата држава“ вели Пендаровски во своето воведно обраќање во Програмата.

Програмата на кандидатот Пендаровски е составена од пет клучни столба, односно Глас на граѓаните – заштитник на правата и слободите; Промотор на младите ранливите и маргинализираните заедници; Заштитник на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество; Борба за правна држава ослободена од кнаџите на организираниот криминал и корупција; Европска интеграција како двигател на целосната трансформација.

Независност од партиите и посветеност на граѓаните, формирање на советодавно тело за формулирање на ефективни демографски политики, зголемена грижа за нашата дијаспора, продолжување на корективната улога и употреба на правото на вето на закони кои се спротивни од интересите на граѓаните, предводење на концептот на целосен ветинг во судството и политиката и посветеност на унапредување на соработката со институциите на ЕУ, се само дел од заложбите на Пендаровски за вториот претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад