Пендаровски: Или државата ќе ги стави криминалците зад решетки или тие со украдените пари ќе градат имиџ на чесни граѓани

Од:

Неверојатниот медиумски интерес со кој беше проследена посетата на таканаречениот „тим за санкции“ од САД е најдобрата потврда за недовербата која нашите граѓани ја имаат во домашните органи штом единствената надеж за правда ја гледаат во странските и меѓународни институции. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски кој го изнесе пред пратениците во Собранието. Тој кажа: „Или државата ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип или тие со украдените пари ќе градат имиџ на чесни граѓани“.

„Точно е дека во последниот извештај на ‘Транспаренси Интернешнл’ бележиме позитивен скок напред од дваесет и четири места, но, тоа е сѐ уште под европскиот просек. Во оваа борба влогот е огромен: државата или ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип, или некои од нив и понатаму, со парите украдени од народот ќе продолжат да градат имиџ на чесни и доблесни граѓани и да ги исмеваат сите останати од безбедна дистанца. Во тој судир меѓу криминалците и огромниот број граѓани со образ има две цели: прво, како држава да покажеме конкретни резултати, не само апсења за јавност, туку, изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото, и второ, да се почитува презумпцијата на невиност, што значи, луѓето да не ги осудиме во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд“, кажа Пендаровски.

Тој ги искритикува и институциите. Пендаровски смета дека недоволно е темпото на економскиот и социјален развој. Според него, последициата на тоа е корупцијата.

„Меѓутоа, сите наши напори ќе паднат во вода ако надлежните правосудни органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено и своите сѐ уште неродени деца и внуци. Теза која многумина од нас ја повторуваат со години е дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, но, правда нема да има и сѐ додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои веројатно стојат коруптивни мотиви“, кажа Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни

Радев го повика Пендаровски да се држи до историската вистина

Катерина Павлова-Николовска

Средба на Пендаровски со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Пендаровски: За да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи

Ана Ололовска

Пендаровски на годишнината од смртта на Трајковски

Средба на Пендаровски со претставници на Македонската горанска заедница

Катерина Павлова-Николовска