Пендаровски и Матарела положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Од:

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Матарела положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Матарела, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Италијанската Република, се одржа заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Би можело да ве интересира

Средба на претседателот Пендаровски со романскиот претседател Клаус Јоханис

Ана Ололовска

Средба на претседателот Пендаровски со естонскиот претседател Алар Карис

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски – Моравјецки: Полска е важен партнер на С. Македонија во НАТО алијансата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претседателите Пендаровски и Дуда на полско-македонски економски форум

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски-Фајон: Благодарност за силната словенечка поддршка за македонските интеграции во Европската Унија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пендаровски: Апелирам до сите политички чинители конструктивно да се вклучат во процесот на европска интеграција