Пендаровски и Бауер: НАТО треба да ја продолжи поддршката на Украина со цел стабилизирање на целиот евроатлантски простор

Од:

Процесот на трансформација, опремување и модернизација на македонската армија и учеството во меѓународни операции и вежби, биле главна тема на разговор на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, известуваат од кабинетот на шефот на државата.

Пендаровски и Бауер разговарале за соработката меѓу Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, а беа разменети мислења и информации за состојбите во Украина и улогата на Алијансата во одбраната на украинскиот народ од руската воена агресија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја реафирмирал поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија.

Двајцата соговорници на средбата констатирале дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Претседателот Пендаровски изразил подготвеност за натамошно унапредување на соработката и јакнење на НАТО сојузништвото во насока на исполнување на заедничките цели за колективна безбедност и мир на европскиот континент.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во изминатите 30 години, Франција беше наш придружник и во добро и во лошо

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не знам кој нормален во вакви траорни времиња може да размислува за власт, после Нова година ќе мислам на тоа

Орце Костов

Претседателот Пендаровски со поддршка за барањето за воведување уставна жалба

Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми

Пендаровски: Омбудсманот како заштитник на правата и слободите на граѓаните може да придонесе во реформите на безбедносните служби

Пендаровски: Груевски е уште во Будимпешта, но измените на Кривичниот закон добро им дојдоа на Милошоски, Јанакиески, Јанушев и други функционери на ВМРО

Горан Наумовски