Пендаровски: Груевски е уште во Будимпешта, но измените на Кривичниот закон добро им дојдоа на Милошоски, Јанакиески, Јанушев и други функционери на ВМРО

Од:

Во вечерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 претседателот Стево Пендаровски даде коментар за потпишаниот указ за измените на Кривичниот законик и изнесените обвинувања од страна на опозицијата.

„Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на сегашните функционери, кои кога нема да бидат на власт нема да одговараат бидејќи ќе го нема членот 353, истакна претседателот Пендаровски. Но, доколку е така, тој додаде, нека објаснат како измените, односно често споменуваниот член 353 ги опфаќа и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ како Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Миле Јанакиески, Димитар Димовски. Тој додаде дека се слушаат наводи дека измените на Кривичниот законик се прават за амнестирање на поранешниот премиер Груевски и негово враќање во земјата, но еве помина веќе месец и пол, а Груевски е во Будимпешта. Опозицијата направи кворум за донесувањето на измените на Кривичниот законик и е последна која треба да коментира за ова прашање, дополни претседателот Пендаровски.

Запрашан да го коментира покачувањето на платите на носителите на функции за 78 отсто, претседателот Стево Пендаровски истакна дека тој е првиот државен функционер кој прв побара корекција на покачувањето на платите и намалување на коефициентот.

Претседателот Пендаровски истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите. Дополнително тој истакна дека е потребно и опозицијата да поддржи решение за намалување на функционерските плати.

Претседателот Пендаровски беше запрашан за став дали е потребно парламентарните и претседателските избори идната година да се одржат одвоено или заеднички на што тој истакна дека одлуката дали ќе се одржат предвремени парламентарни избори е на Собранието и е потребен политички договор околу датумите на одржување.

Во однос на барањето на опозицијата за идните избори да се одржат заеднички поради наводните тврдења за неизлезност, како и најавите за тивок бојкот од нивна страна, претседателот Пендаровски истакна дека доколку големите политички партии учествуваат на изборите тогаш ќе има излезност од над 40 %, и доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека нивната партија води на анкетите, тогаш не би се плашеле да излезат на избори кога и да се одржат, додаде претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски