Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Од:

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, по гласањето на вториот круг од претседателските избори го призна поразот и честиташе победа на Сиљановска и на ВМРО-ДПМНЕ и им посака успешна работа. Воедно напомена дека совеста не е мирна на оние кои не гласале за претседател и се одлучиле да бојкотираат.

„ Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна. Незнам дали  е мирна совеста на оние кои денеска спречија стотици илјади  граѓани да гласаат и на второто ливче. Резултатите се јасни, и немам намера подетално да ги образложам. Согласно резултатите, сакам да им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните пет години. Мојот концепт на мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евроатлантските структури, денеска, за жал, не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум длабоко убеден дека само така Македонија може да биде демократска и проспиретна држава. Затоа мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста е мирна на оние кои не дозволија на граѓаните да го земат второто ливче и да гласаат на претседателските избори денеска.“,  рече Пендаровски.

Тој им се заблагодари на медиумите за соработката и на сите учесници на изборите.

„ Ја користам приликата да ви се заблагодарам на успешната соработка во изминатите пет години, и се надевам ќе соработуваме во иднина. Дозволете да се заблагодарам на сите учесници во изборниот процес и на сите институции кои се погрижија да помине овој ден фер и демократски. Знаеме дека има извештаи за изборни прекршувања, но оставаме институциите да ги разрешат и да не остават ниту една темна дамка на изборниот процес. “ рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена